ЧЛЕНСТВО
За АМСМ Членство

За АМСМ Членство

Добредојдовте во АМСМ Членство!

Ако барате услуги кои ќе одговорат на Вашите специфични потреби и барања, тогаш сте на вистинското место.

Без оглед дали сте возач или не и дали имате сопствен автомобил или не, ќе најдете различни членски пакети, прилагодени на Вашите желби и потреби.

Денес во АМСМ членуваат повеќе од 15.000 членови, кои ја препознале привилигијата да се биде АМСМ член.

Останува на Вас да изберете.

Што добивате со АМСМ членските пакети?

Classic

Europe Premium

Light

Business

Business Europe Premium

Услугите од АМСМ членскиот пакет можете да ги користите во:

Македонија

Македонија и Европа

Македонија

Македонија

Македонија и Европа

Услуги на територија на Македонија:

Бесплатен пренос на возило во случај на дефект

до 200км

до 200км

до 20км

до 200км

до 200км

Услугата можете да ја користите секогаш кога настанатиот дефект не може да се отстрани на самото место и кога возилото не може да се движи на сопствен погон.


До која оддалеченост и на која територија можете да ја користите услугата зависи од типот на АМСМ членскиот пакет кој сте го избрале:

 

- Classic членство: бесплатен пренос на возило до 200км во двете насоки на територија на Република Македонија
- Europe Premium членство: бесплатен пренос на возило до 200км во двете насоки на територија на Република Македонија и во Европа
- Light членство: бесплатен пренос на возило до 20км во двете насоки на територија на Република Македонија
- Business членство: бесплатен пренос на возило до 200км во двете насоки на територија на Република Македонија
- Business Europe Premium членство: бесплатен пренос на возило до 200км во двете насоки на територија на Република Македонија и во Европа 

Во секој АМСМ членски пакет е вклучен еднократен бесплатен пренос на возило во случај на дефект во времетраење од еден членски период, кој изнесува 12 месеци.


За помош на пат и шлепување на територијата на Р.Македонија повикајте
196 (и за повик од фиксен и за повик од мобилен телефон) или повикајте +389 2 3181 196 ако се наоѓате надвор од Македонија.

 

Повеќе информации на 02/3181-108.

Бесплатен пренос на оштетено возило во сообраќајна незгода

Неограничено во км

Неограничено во км

Неограничено во км

Неограничено во км

Неограничено во км

Услугата можете да ја користите во случај на сообраќајна незгода со увид на службен документ издаден од страна на овластен орган, што го потврдува настанот.

Независно од типот на членскиот пакет кој сте го избрале, услугата можете да ја користите неограничено во километри на територијата на која избраниот членски пакет се однесува:

Classic, Light и Business членство за Република Македонија

- Europe Premium и Business Europe Premium членство за Република Македонија и во Европа

Во секој АМСМ членски пакет е вклучен еднократен бесплатен пренос на оштетено возило во сообраќајна незгода во времетраење од еден членски период, кој изнесува 12 месеци.

За помош на пат и шлепување на територијата на Р.Македонија повикајте 196 (и за повик од фиксен и за повик од мобилен телефон) или повикајте +389 2 3181 196 ако се наоѓате надвор од Македонија.

Повеќе информации на 02/3181-108.

Пренос на возило по повластена членска цена

Услугата можете да ја користите при надминување на растојанието покриено со Бесплатен пренос на возило во случај на дефект или во случај кога услугите Бесплатен пренос на возило во случај на дефект и Бесплатен пренос на оштетено возило во сообраќајна незгода, веќе претходно сте ги искористиле и во времетраење од еден членски период, кој изнесува 12 месеци, повторно имате потреба од такви услуги.

Услугата можете да ја користите неограничен број пати на територијата на која избраниот членски пакет се однесува:

Classic, Light и Business членство за Република Македонија

Europe Premium и Business Europe Premium членство за Република Македонија и во Европа

За помош на пат и шлепување на територијата на Р.Македонија повикајте 196 (и за повик од фиксен и за повик од мобилен телефон) или повикајте +389 2 3181 196 ако се наоѓате надвор од Македонија.

Повеќе информации на 02/3181-108.

Бесплатна помош на пат

Услугата Бесплатна помош на пат подразбира отстранување на различни видови дефекти на самото место, меѓу кои и:

- замена на резервно тркало,

- дотур на гориво,

- дотур на масло и течност во системот за ладење,

- поправка на електронските системи за осветлување,

- отстранување на можни грешки во компјутерските системи на новите возила (on-board дијагностика) и сл.

Бројот на интервенции и територијата на која истите можете да ги користите, зависи од типот на АМСМ членскиот пакет кој сте го избрале:

Classic членство: бесплатна помош на пат до 3 пати на територија на Република Македонија

Europe Premium членство: бесплатна помош на пат до 5 пати на територија на Република Македонија и еднаш во Европа до 200€

Light членство: еднократна бесплатна помош на пат на територија на Република Македонија

Business членство: бесплатна помош на пат до 3 пати на територија на Република Македонија

Business Europe Premium членство: бесплатна помош на пат до 5 пати на територија на Република Македонија и еднаш во Европа до 200€

Повеќе за АМСМ Помош на пат можете да најдете тука.

За помош на пат и шлепување на територијата на Р.Македонија повикајте 196 (и за повик од фиксен и за повик од мобилен телефон) или повикајте +389 2 3181 196 ако се наоѓате надвор од Македонија.

Повеќе информации на 02/3181-108.

Извлекување на возило

Услугата можете да ја користите за возило што излетало од автопат, магистрален или од регионален пат за што е неопходна специјална техничка интервенција за негово враќање на коловозот, секаде каде технички е можно.

Услугата можете да ја користите на територијата на која се однесува членски пакет кој сте го избрале:

Classic, Light и Business членство за Република Македонија

Europe Premium и Business Europe Premium членство за Република Македонија и во Европа.

Во секој АМСМ членски пакет е вклучено еднократно извлекување на возило во времетраење од еден членски период, кој изнесува 12 месеци.

За помош на пат и шлепување на територијата на Р.Македонија повикајте 196 (и за повик од фиксен и за повик од мобилен телефон) или повикајте +389 2 3181 196 ако се наоѓате надвор од Македонија.

Повеќе информации на 02/3181-108.

Покривање на патни трошоци на членот во случај на незгода или дефект

до 1.000ден.

до 1.000ден.

до 600ден.

до 1.000ден.

до 1.000ден.

Услугата „Покривање на патни трошоци“ можете да ја користите само со истовремено користење на услугата „Бесплатен пренос на возило во случај на дефект“ или „Бесплатен пренос на оштетено возило во сообраќајна незгода “.

Со оваа услуга се покриваат трошоци за:

- редовен автобуски превоз или железнички превоз во Македонија и Европа

- авионски превоз во Европа.

Висината до која патните трошоци се покриваат зависи од типот на членскиот пакет кој сте го избрале:

Classic членство: покривање на патни трошоци до 1.000ден за редовен автобуски превоз или железнички превоз на територија на Република Македонија

Europe Premium членство: покривање на патни трошоци до 1.000ден за редовен автобуски, железнички или авионски превоз на територија на Република Македонија и во Европа

Light членство: покривање на патни трошоци до 600ден за редовен автобуски превоз или железнички превоз на територија на Република Македонија

Business членство: покривање на патни трошоци до 1.000ден за редовен автобуски превоз или железнички превоз на територија на Република Македонија

Business Europe Premium членство: покривање на патни трошоци до 1.000ден за редовен автобуски, железнички или авионски превоз на територија на Република Македонија и во Европа.

Во секој АМСМ членски пакет е вклучено еднократно покривање на патни трошоци во времетраење од еден членски период, кој изнесува 12 месеци.

Повеќе информации на 02/3181-108.

Дополнителни погодности, попусти и сезонски акции во системот на АМСМ

- 10% попуст на технички преглед

- 20% попуст на сервисни услуги

- Бесплатна зимска/летна проверка на возило

 

Како АМСМ член можете да ги користите сите дополнителни поволности, попусти и сезонски акции во системот на АМСМ кои во текот на една календарска година АМСМ ги организира за своите членови.

- 10% попуст на технички преглед

- 20% попуст на сервисни услуги

Бесплатна зимска/летна проверка на возило.

Попустите и сезонските акции кои се поврзани со возилото, можете да ги користите за возило кое гласи на име на членот во период на важност на пакетот.

Повеќе информации на 02/3181-108.

Бесплатен Травел инфо-сет: патна карта, рута и информатор за земјата и за странство



Кога патувате надвор од Република Македонија, на ваше барање можете да добиете „Travel Info Set“ (Информативен комплет за патување) кој содржи корисни сообраќајни, туринг и картографски информации.

„Travel Info Set“ содржи:

- информативен леток со основни податоци за секоја држава поединечно;

- патна карта обезбедена од АМСМ; 

- план за патување (опис на планираната маршута, со прецизни информации за насока и за оддалеченост).

Повеќе информации на 02/3181-108.

Show your Card попусти во над 25.000 продажни места во Европа, САД и во Канада

_


_

„Show your Card!“ - Интернационалната програма за попусти можете да ја користите доколку поседувате Classic, Europe Premium или Light членство, а ви овозможува екслузивна можност за попусти, дополнителни бенефиции и заштеди во познати светски синџир-хотели, рент-а-кар агенции, туристички атракции и во над 25.000 продавници само во Европа.

Во времетраење од еден членски период, кој изнесува 12 месеци, Show your Card! Попустите можете да ги користите неограничен број пати и само со покажување на валидна АМСМ членска картичка.

Повеќе за Show your Card! попустите можете да најдете тука.

Повеќе информации на 02/3181-108.

АМСМ Партнер попусти во над 200 продажни места во Македонија

_

 

_

 

АМСМ Партнер - Националната програма за попусти можете да ја користите доколку поседувате Classic, Europe Premium или Light членство, а ви обезбедува единствена можност за користење на низа попусти и бенефиции во над 200 продажни места на територијата на Република Македонија.

Во времетраење од еден членски период, кој изнесува 12 месеци, АМСМ Партнер попустите можете да ги користите неограничен број пати и само со покажување на валидна АМСМ членска картичка.

Повеќе за АМСМ Партнер попустите во Македонија можете да најдете тука.

Повеќе информации на 02/3181-108.

Бесплатно членско списание „АМСМ Клуб мобилити“ во печатено и електронско издание, доставено на електронска, или контакт адреса на членот.

_

Како АМСМ член добивате бесплатно месечно членско списание во печатено и електронско издание, доставено на вашата електронска адреса или на вашата домашна адреса/адреса на компанијата.

Во АМСМ Клуб Мобилити ќе најдете интересни содржини од областа на автомото светот, најновите тестови на возила, стил, hi-tech, спорт и сл., но и ќе ги дознаете сите погодности што им ги нуди АМСМ системот на своите членови.

Повеќе за АМСМ Клуб Мобилити можете да најдете тука.

Повеќе информации на 02/3181-108.

Неделен „newsletter“ на електронска адреса на членот

_

_

_

_

Како АМСМ Light член добивате неделен „newsletter“ или електронски весник доставен на вашата електронска адреса, кој содржи интересни информации од системот на АМСМ, најновите случувања во културниот и забавниот живот, како и едукативни содржини од членското списание АМСМ Клуб Мобилити.

Повеќе информации на 02/3181-108.

Можност за кампинг-картичка CCI за попуст во над 1.100 кампови во цела Европа

_

_

Со поседување на било кој членски пакет за физички лица (Classic, Light и Europe Premium) добивате можност за издавање на CCI Кампинг картичка за цена од само 600 ден.

CCI кампинг картичката ви овозможува попуст во над 1.100 кампови низ цела Европа. Попустот во некои од камповите може да достигне дури и до 25% во текот на летната сезона.

Повеќе за CCI Кампинг картичката можете да најдете тука.

Повеќе информации на 02/3181-108.

Услуги на територија на Европа:

Бесплатен пренос на оштетено возило во сообраќајна незгода

_

до 400€

_

_

до 400€

Услугата покрива бесплатен пренос на оштетено возило во случај на сообраќајна незгода на целата територија на Европа до износ од 400 евра, а можете да ја користете само доколку поседувате Europe Premium или Business Europe Premium членски пакет.

Услугата можете да ја користите еднократно во времетраење од еден членски период, кој изнесува 12 месеци.

Ако се наоѓате надвор од Македонија за помош на пат и шлепување повикајте +389 2 3181 196.

Повеќе информации на 02/3181-108.

Бесплатна интервенција:

- Бесплатен пренос на возило во случај на дефект, или

- Бесплатна помош на пат

_

до 200€

_

_

до 200€

Доколку поседувате Europe Premium или Business Europe Premium членство, како АМСМ член можете да ја користите и услугата „Бесплатна интервенција на територија на Европа“, која подразбира:

- Бесплатен пренос на возило во случај на дефект до износ од 200 евра  на целата територија на Европа или

- Бесплатна помош на пат до износ од 200 евра на целата територија на Европа

Услугата можете да ја користите еднократно во времетраење од еден членски период, кој изнесува 12 месеци.

Ако се наоѓате надвор од Македонија за помош на пат и шлепување повикајте +389 2 3181 196.

Повеќе информации на 02/3181-108.

Згрижување на АМСМ член:

- Хотелско сместување и бесплатно користење на рент-а-кар возило, или

- Покривање на патни трошоци (автобуски, железнички и авионски превоз)

_

до 200€

_

_

до 200€

Доколку поседувате Europe Premium или Business Europe Premium членство, во случај на сообраќајна незгода на територијата на Европа, можете да ја користите услугата „Згрижување на член“, која вклучува:

- Хотелско сместување до износ од 100 евра и

- Бесплатно користење на најмено (рентакар) возило до износ 100 евра

 или

- Покривање на патни трошоци до износ од 200 евра.

Услугата можете да ја користите еднократно во времетраење од еден членски период, кој изнесува 12 месеци.

Ако се наоѓате надвор од Македонија за помош на пат и шлепување повикајте +389 2 3181 196.

Повеќе информации на 02/3181-108.

Вредност на услугите во денари вклучени во пакетот кои ги добивате бесплатно:

22.000,00

78.000,00

17.000,00

22.000,00

78.000,00

Цена на АМСМ членскиот пакет во денари:

990,00

2.700,00

490,00

1.390,00

4.200,00