Новости

Euro NCAP ги прогласи НАЈДОБРИТЕ АВТОМОБИЛИ за 2017

Почетокот на годината е секогаш резервиран за прогласување на најдобрите автомобили по категории, титула кон која со секој нов модел на автомобил се стреми секој производител. Со скоро 70 модели за проценка, 2017 година беше поприлично зафатена за Euro NCAP. Најдобрите за 2017 можете да ги видите тука.

Volkswagen се појавува како победник во три категории – Polo во класата на супермини, T-Roc во категоријата на мали off-road возила и престижниот Arteon во класата на лукзусни возила. Volvo пак ја зајакнува својата репутација за безбедност, со XC60 како најдобар во класата на големи off-road возила.

Победници по категории се:

Луксузни:                               VW Arteon   (Euro NCAP тестовите за безбедност на погледнете ги тука)
Големи off-road:                     Volvo XC60 (Euro NCAP тестовите за безбедност на погледнете ги тука)
Мали off-road:                        VW T-Roc (Euro NCAP тестовите за безбедност на погледнете ги тука)
Супермини:                            VW Polo  (Euro NCAP тестовите за безбедност на погледнете ги тука)
Мал MPV:                               Opel Crossland X (Euro NCAP тестовите за безбедност на погледнете ги тука)
Мали семејни возила:           Subaru XV и Subaru Impreza (Euro NCAP тестовите за безбедност на Subaru XV погледнете ги тука, а за Subaru Impreza тука)


Најголемиот број на модели тестирани во 2017 беа нови на пазарот и најголемиот дел од нив достигнаа максимално рангирање од пет ѕвезди, кое во однос на сé построгиот режим на оценување на Euro NCAP, е рефлексија на постојаното подобрување на безбедноста на современите возила. Постарите, „затегнати“ модели не поминаа толку добро, а нивниот рејтинг е генерално посиромашен од оној на новите возила и е одраз на недостатокот на напредни безбедносни системи и технологии за помош на возачот.

Michiel van Ratingen, Генерален Секретар на Euro NCAP: „Честитки за Volkswagen! Да се освои титулата најдобар во класата во 3 различни категории е огромно достигнување и ја нагласува посветеноста на компанијата за обезбедување на највисоко ниво на безбедност на своите клиенти. Subaru и Opel исто така нудат водечки производи во класата додека Volvo продолжува да ја истакнува својата репутација позната по безбедноста. Генерално, охрабрувачки е да се видат толку многу нови возила со толку добри перформанси во сите области на безбедноста, опремени со повисоко и повисоко ниво на технологија за спасување на животи.“

Системите за детектирање на пешаци, за првпат тестирани од страна на Euro NCAP во 2016, сега се достапни на 82% од возилата тестирани во 2017 година и се стандардна опрема кај 62% од нив.

Помош во брзината беше понудена кај 92% од тестираните нови автомобили и беше стандардна опрема кај 82%. Сепак, овие достигнувања во технологијата за помош на возачот не одземаа ништо од подобрувањето на заштитата во случај на сообраќајна незгода: 96% понудија стандардни две или повеќе места за седење во автомобилот компатибилен со новиот модел (i-size) седиште за автомобил за деца и 94% од новите возила сега нудат ограничувачи за оптоварување на задните седишта и затегнувачи на ремените како стандард.