LIGHT и уживајте во добриот шопинг!
Light членството е наменето за сите од 18-24 години и Ви овозможува членските услуги да ги користите и кога управувате со сопствено и кога управувате со туѓо моторно возило. Возилото треба да е уредно регистрирано со македонски регистарски
таблички и да гласи на физичко лице, односно членството се однесува на
зачленетото лице, а не на возилото. Членскиот пакет важи за патнички моторни возила и лесни комерцијални возила со следниве карактеристики:
1. Вкупна маса до 3,5 тона и
2. Вкупна должина од преден браник до задна осовина 3,5 м.
Услугите вклучени во членството Light можете да ги користите на територијата на Република Македонија:
- Бесплатен пренос на возило во случај на дефект до 20 км во двете насоки, сметано од местото на тргнување на шлеп возилото
- Бесплатен пренос на оштетено возило во сообраќајна незгода - неограничено во километри
- Пренос на возило по повластена членска цена
- Бесплатна помош на пат (замена на пневматик, стартување на возило, дотур на гориво и други дефекти на самото место)
- Извлекување на возило
- Покривање на патни трошоци на членот до 600 денари во случај на дефект на возило или сообраќајна незгода
- Дополнителни погодности, попусти и сезонски акции во системот на АМСМ:
- 10% попуст на технички преглед
- 20% попуст на сервисни услуги
- 5-10% попуст на резервни делови
- Бесплатна зимска /летна проверка на возилото на членот
- 20% попуст во АМСМ продавницата за автомобилска галантерија
- „Travel Info Set“ (информативен комплет за патување) кој вклучува патна карта, рута, информатор за земјата и странство во однос на сообраќајната законска регулатива, патарини, курсна листа и сл., кој се издава на барање на членот
- „Show your Card!“ - интернационална програма за попусти во повеќе од 25.000 продажни места во Европа, САД и Канада
- АМСМ Партнер програма - национална програма за попусти во над 200 продажни места на територијата на Република Македонија
- „Newsletter“– неделен електронски весник доставен на електронска пошта на членот
- Можност за купување кампинг – картичка CCI за попуст во над 1100 кампови во цела Европа
Цена: 490 ден.
* 10% попуст на редовната цена на членскиот пакет добивате доколку станете АМСМ член on-line, преку нашата веб страница или преку АМСМ мобилната апликација наменета за Android и iPhone мобилни телефони.
Вредност на услугите кои ги добивате со пакетот: 17.860 мкд.
АМСМ Light членството е со важност од 1 година од датум на издавање.